Жените во државата Того, апстинираат од секс и на тој начин го изразуваат мирниот протест против власта.
Но тие не се први кои влијаеле на политиката со тоа што мажите ги лишувале од секс.
1. Колумбија, 1997
Овој штрајк всушност го потегнаа мажите. Колумбискиот генерал Мануел Боне го замоли жените и девојките на герилците и дилерите на дрога да не им дозволуваат секс, се додека групите не го прекинат насилството.
2. Либерија, 2003
За време на војната, група активистки организираа масовна акција за мир. Протестираа со пеење и молитви, но немаа ни секс со мажите, се до престанок на борбите. И успеаја во тоа. Го убедија претседателот да влезе во мировни преговори со Гана и да ја прекине војната.
3. Колумбија, 2006
Деценија по првиот секс-штрајк, Колумбијките од градот Переира, повторно протестираа одбивајќи да имаат секс со мажите од бандите.
4. Кенија, 2009
Илјади жени на Кенија цела недела немаа секс со своите мажи поради несогласувањата на претседателот и премиерот кои доведоа до насилства. Истото го правеа и сопругите на двајцата политичари.
После протестите отпочна дијалог меѓу нив.
5. Филипини, 2011
На филипинскиот остров Минданао, на жените им здодеаја судирите меѓу мажите од две села. Дојдоа на идеја мажите да не ги пуштаат во спалните соби. Оваа идеја вроди со плод.
6. Того, 2012
Жените на опозициската партија во Того, повикаа на „секс штрајк“ и апстиненција, барајќи претседателот да се повлече. Неговото семејство владее со Того 40 години. Опозиционерките се надеваат на успех.