Кога родителите им држат „предавање“ на децата во пубертет, тие својот мозок го ставаат на „пауза“, тврдат американски научници.
Тимот истражувачи од универзитетите во Питсбург, Харвард и Беркли ја пороучуваа мозочната активност на адолесцентите. За време на експериментот тие им пуштале снимени „попувања“ од нивните родители и со скенер го снимале нивниот мозок.
Кај испитаниците на возраст од 14 години забележале изненадувачка мозочна реакција, додека зоната на негативни емоции била многу активна, а делот од мозокот кој помага во разбирање на соговорникот бил во состојба на мирување.
– Блокиран е процесот на социјабилност и разбирање на душевната состојба на родителот, се истакнува во студијата.
– Намалувањето на мозочната активности во зоните кои се однесуваат на соочување со ситуацијата би можело да се објасни со честите конфликти меѓу родителот и тинејџерот, истакнуваат американските научници.
Соочени со силните емоции и неспособни да разберат зошто нивните родители се лутат на нив, младите или избувнуваат или се затвораат во себе.