Како телото порачува дека му недостасуваат витамини?

Од:

Малаксаност и брзо заморување се први знаци кои телото ни ги порачува оти му недостасуваат витамини. Нивниот недостаток, медицински наречен хиповитаминоза, најчесто се јавува на пролет, а најдобро се лекува со овошје и зеленчук.

Кога малаксаноста е доминирачки симптом, недостигот на витамини е можно брзо да се излечи со помош на препарати кои содржат минерали, витамини и железо, но во секој случај се советува збогатена исхрана со обилни порции овошје и зеленчук пет пати дневно.

Кога ќе се појават други симптоми како сува коса, сува кожа која се лупи, кршливи нокти, тогаш веројатно има недостиг на витамин Д3. Неговиот недостиг предизвикува воспалителни ревматски болести, а кај жените остеопороза.

Кај недостигот на витамини Ц и А, инфекциите се почести, а кога ни недостасува витамин Б, особено Б12, можеме да почувствуваме трнење во рацете и во нозете.

Свежото овошје и зеленчук, побрзо лекува од таблети, при тоа не се советува претерана употреба на шумливи таблети, бидејќи претераното земање може доведе до создавање каменчиња во организмот.

Најмногу витамин Ц има во свежата пиперка, кељ и брокули, а од овошјето во портокалот. Недостигот на витамин Б исто така често се јавува, а за да го избегнете, конзумирајте пилешко, говедско и свинско месо, туна, интегрални производи, ореви, компири, грав, млечни производи, печурки и соја.

Знаци на телото при недостиг на витамини:

Витамин Д – Сува коса, сува кожа која се лупи, кршливи нокти.
Витамини Ц и А – Чести инфекции.
Витамин Б, особено Б12 – Трнење во рацете и во нозете.
Витамин Е – Намалени црвени крвни зрнца.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска