Како солзите го чуваат здравјето?

Од:

На солзите се гледа како знак на слабост. Плачеме бидејќи сме тажни, несреќни, не боли нешто, но дали сте знаеле дека солзите имаат и своја корисна страна?

Со плачење можеме да се ослободиме од стресот и негативните емоции кои се собрани во нас, и поради тоа и некои други факти солзите се добри.

Биохемичарот Вилијам Фреј од Медицинскиот центар во Минесота ги поделил солзите во три вида, зависно од хемиските разлики во нив. Тоа се: емоционални солзи кои ги плачеме кога сме тажни, фрустрирани, среќни или под стрес. Базални солзи, кои ги отпуштаат солзните жлезди и кои ги штитат очите од бактерии. Солзи кои ги влажнат очите – тие претставуваат рефлекс на окото како заштита од честиците во воздухот.

1. Солзите го подобруваат видот

Мембраната на окото може да биде дехидрирана и исушена, поради што се јавуваат проблеми со видот, а сликата едноставно е замаглена. Кога плачеме солзите и обезбедуваат влажност на мембраната и на тој начин го олеснуваат и подобруваат видот.

2. Солзите ги чистат очите

Како што се „природни жители“ на секој дел од нашето тело, така бактериите се наоѓаат и во очите. За да не се размножат и станат проблем, солзите стигнуваат во помош, бидејќи дејствуваат како природен антибиотик. Тие содржат течност наречена лисозом, која може да уништи до 95 отсто од бактериите во очите за само пет минути.

3. Солзите го намалуваат стресот

– Кога сте вознемирени или под стрес, хемикалиите се дисбалансирани и се собираат, а плачењето помага во нивно намалување. Се вели дека лицето кое плаче кога е под стрес е во помала мерка депресивна. Емоционалните солзи исто така испуштаат хормони, како што е адренокортикотроп и леуцин енцефалин, кои го намалуваат влијанието на стресот врз телото, објаснува доктор Абигаел Сан.

4. Солзите ги елиминираат токсините

Во своето истражување доктор Фреј утврдил дека „нормалните солзи“ содржат 98 отсто вода, а емоционалните солзи содржат хормони на стрес, кои телото ги испушта за да се ослободи од вишокот токсини.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска