Стилот на родителството се менуваше изминатите децении, а изгледа дека најголемата разлика е забележана во изминатите 30 години.
Следува што децата слушале и правеле во ’80-те години од минатиот век и како денес родителите се однесуваат кон своите деца:
1. 1985: Баш си се извалкал надвор, изледа супер си помина. Стави го веднаш сето тоа за перење.
2015: Немој случајно да си извалкал надвор! Немој да скокаш, немој да трчаш, немој да се валкаш по подот!
2. 1985: Не смее да станеш од масата додека не изедеш се од чинијата.
2015: Не ти се допаѓа тоа? Сега ќе ти зготвам нешто друго.
3. 1985: Ако ти остане кусур купи чунга лунга мастики.
2015: Во корпата веќе стави пет слатки работи, оваа ти е последна!
4. 1985: Врати се дома, не може толку доцна да си играш надвор.
2015: Тргни се од тој компјутер и оди малку надвор.
5. 1985: Учителката те казнила? Веројатно си заслужил.
2015: Утре одам кај директорот. Не смее таа така да се однесува кон моето дете!
6. 1985: Се скара со Марко? Добро, решете го тоа сами до утре.
2015: Марко ти викаше? Сега ќе и се јавам на неговата мајка!
7. 1985: Цртани пред вестите и одма во кревет!
2015: Веќе два часа гледаш телевизија. Помина десет, ајде на спиење!
8. 1985: Возрасните секогаш треба да ги поздравуваш и да им кажеш: Добар ден.
2015: Немој да се обраќаш на никој што не го познаваш.
9. 1985: Ја скрши својата омилена играчка? Сега ќе научиш подобро да се грижиш за своите работи.
2015: Те молам немој да плачеш, ќе оди тато во продавница ќе ти купи нова играчка. Иста таква.
10. 1985: Почитувана учетелке, Иван малку кашла и е затнат, но сепак го испратив во училиште.
2015: Ало учителке, Иван малку кашла и е затнат, оваа недела нема да оди на училиште.
11. 1985: Не ме интересира како е кај Марко, мене ме интересираш ти и твоето однесување.
2015: Ако Марко има/смее, тогаш ќе има/ќе смее и моето дете!
12. 1985: Ум во главата!
2015: Веднаш јави ми се на телефон доколку нешто се случи!
13. 1985: Доколку не учиш ќе копаш канали/ќе чистиш тоалети/ќе бидеш ѓубреџија.
2015: Ако учиш, мама и тато ќе ти купат што сакаш.
14. 1985: Немој два пати да ти повторувам!
2015: Смири се и јади. Смири се. Јади. Те молам, смири се и јади. Дали ме слушаш? Смири се малку, јади!
15. 1985: Не ме интересира кој е виновен. Исчиститете го тоа убаво и средете!
2015: Бегајте сега во својата соба да го исчистам нередот што сте го направиле!