Понекогаш ви се чини дека воопшто не го разбирате вашето дете? Ви донесуваме добро скриена логика која се одвива во главите на просечни 4 годишни деца. Вака за нив изгледа типичен ден.
4.30 Хм, речиси сум буден, сега би ми било многу поудобно во креветот на мама и тато. Многу е убаво да легнам меѓу нив и да продолжам да спијам, но откако целосно ќе ги разбудам.
4.35 Ох, не! Си го заборавив омиленото ќебе во својот кревет. Ако плачам гласно мама сигурно ќе се смилува и ќе ми го донесе. Навистина не ми се станува од кревет, не повторно.
7.00 Мамо, само немој да ми кажеш дека и денес морам во градинка. Ох, нее, мама тоа го кажа. Знам дека ќе плачам. Освен ако Марко ја донесе својата нова играчка. Тогаш ќе биде интересно, ќе заборавам и ќе се поздравам со мама. Едвај чекам да одам во градинка, побрзај мамо!
7.05 Повторно се предомислив, не сакам во градинка!
7.30 Мама ме тера да појадувам. Не разбирам зошто секое утро морам да појадувам, кога знае дека ќе одбијам.
7.40 Мама го пушта мојот омилен цртан филм на тв. Како само ми ги чита мислите. Чекај малку, па го изедов цел појадок несвесно.
8.00 Колку ја сакам оваа сцена од цртаниот. Морам да и кажам на мама да ми го врати неколку пати. Под неколку мислам на 20.
8.30 Обожувам гол да трчам по станот.
8.40 Мама денес веќе десет пати ме замоли да се облечам. Тоа е толку забавна игра. Знаеш што е најдобро? Додека ми ја облекува маицата успевам да ги соблечам чорапите. Додека ми ги облекува повторно чорапите, успевам да ја исфлекам маицата. Предобра игра, секој треба да ја научи.
8.45 Чекај, зошто мама воопшто се обидува да ме облече? Сериозно ја сфатила оваа игра! Реков дека не сакам во градинка, или сакам. Што реков?
9.00 Јас сакав да ја отворам вратата. Зошто мама ја отвори? Плачам.
9.30 Морам да ги потсетам децата во градинка дека јас сум главен. Зошто никој не ме доживува така?
9.45 Плачам и осамен сум. Градинката е најлошо место на светот.
10.00 Ја обожувам градинката!
10.05 Ја мразам градинката!
11:00 Сега е доста, сакам да одам дома!
12:00 Тука е многу интересо, можам да живеам во градинка.
12.30 Ручеееек! Мислам дека денеска ќе изедам дури 3 залаци.
13.00 Не сакам да спијам, ниту да лежам. Не сакам ни да бидам мирен додека другите спијат. Сакам да си играм!
15.00 Сакам кај мама! О, бисквити? Многу те сакам!
15.30 Ја сакам мамааа! Плачам.
16.00 Еве ја мама. Штета, баш почнав нова игра, па ќе мора да ме почека да ја завршиме.
16.15 Зошто мама постојано ме прашува дали сакам да мочкам? Па не сум мало бебе. Не морам!
16.16 Ох, морам да мочкам. Итно!
16.20 Мама дома се согласи да ја играме мојата омилена игра. Ова ќе биде супер ден!
17.00 Мама повеќе не сака да си игра. Како може да и здосади по само една минута?
17.05 Мама го вклучува телевизорот, едвај ги чекам цртаните. Чекај, зошто го гледа тој човек што зборува? Зошто не го префрли каналот? Зошто не реагира на моето урлање и плачење? Ух, добро е! Ова беше најлоша минута во мојот живот!
17.06 Цртаниииии!
17.10 Зошто е мама толку фрустрирана? Одбив само 15 предлози за ручек кои ги понуди. Ќе најдеме некој компромис. Се надевам дека тоа ќе биде пудинг.
17.30 Јадам залак сендвич. Уф колку сум сит!
19.30 Јееее,тато е дома! За жал, баш играм игра, па не можам да го поздравам. Нека дојде тој до мене.
20.00 Не сакам да спијам во пижами. Ги сакам овие пантолони, сакам да спијам во нив!
20.30 Мамо, сакам пак сендвич!
20.40 Уште сум гладен, сакам млеко и сок. И чоколадо.
21.00 Јас не можам да спијам. Не сум изморен, никогаш нема да заспијам!
21.01 Зззззззззззз.
4.30 Во креветот на мама и тато сега сигурно би било поудобно…