Секој родител сака неговото дете да се храни здраво, но тоа не е секогаш возможно. Форсирањето може да предизвика контраефект па многумина порано или подоцна им попуштаат на детските желби.
Новата австралиска студија покажа дека постои многу едноставен начин децата да ги засакаат овошјето и зеленчукот. Научниците од Универзитетот Дикин испитале 72 деца од основно училиште за тоа каква храна сакаат да јадат.
Децата попрво биле подготвени да изедат цел морков отколку исецкан. – Во просек тоа значеше дека изеле десет отсто повеќе цело парче овошје или зеленчук, отколку исецкани. Очигледно побрзо ќе изедат цел морков, отколку исто количество исечкани на чинија, рече доктор Џи Лијем лидер на истражувањата.
Децата ќе изедат повеќе ако имаат повеќе храна во чинијата, но важи и спротивен ефект. Лијем рече дека деата ќе изедат помалку чоколада ако им ги скршите на поситни парчиња.