Познат психолог и автор на повеќе книги, доктор Кевин Леман има неколку совети за родителите на школските деца.
Леман е меѓународни признат психолог, медиумска личност и говорник, член на Здружението на американски психолози.
Автор на над 30 бестселери на „Тајмс“ и наградени книги учествувал во сите најгледани американски радио и телевизиски програми.
Следуваат неговите најпознати совети за родителите на школски деца:
Никогаш не го прашувајте детето дали има домашна задача
Создадете таква атмосфера во семејството во која детето ќе знае дека очекувате да има добар успех во училиштето и да дава се од себе, но истовремено да сфати дека самото е одговорно за своите обврски, како што се домашните задачи. Секако доколку не ги исполнува своите школски задачи и тоа се одразува на неговиот успех, ускратете му ги различните задоволства како што се излегувања, дружења, родендени, играње на компјутер или одење во кино.
Престанене да ги будите децата и секојдневно да ги брзате за да не задоцнат во училиште
Вие не сте будилник во човечка форма. Децата треба да добијат свој будилник и тука престанува секое ваше ангажирање околу станувањето. Секако на почетокот веројатно ќе доцнат, но вие во никој случај не треба да ги будите и да ги штитите од последиците. Напишете и порака учителката порака и појаснете и дека детето нема никакво оправдание за своето доцнење и барајте да постапи онака како што се постапува со дете кое доцни на часовите.
Не претерувајте со пофалбите
Кога детето ќе ви донесе од училиште петка не го кревајте во облаци, туку кажете му нешто како: „О тоа е многу добро за тебе!“. Со тоа му давате на знаење дека не учи за вас да ве направи среќни, туку за да има успешен живот.
Никогаш не го прашувајте детето: „Како беше во училиште?“
Добро знаете дека ништо нема да дознаете со распрашување, а сепак упорно ја повторувате оваа реченица секој ден. Наместо тоа, молчете и чекајте детето само да почне да раскажува. Кога тоа ќе се случи немојте да поставувате дополнителни прашања, туку користете ја волшебната реченица: „Раскажи ми повеќе за тоа“.
Не го оптоварувајте детето со премногу воншколски активности
Децата не се роботи. Тие треба да минат повеќе време во семејството, бидејќи таму го градат карактерот и ги усвојуваат вредностите. Секојдневното брзање од тренинг, на час по глума, па на курс за странски јазик негативно ќе влијае врз семејниот живот, а вас ќе ве претвори во зомби. Стриктно држете се до правилото само една воннаставна активност по дете.