Како да се воспитуваат момчињата?

Од:

Воспитувањето на момчиња не е лесна задача, а родителите кои имаат синови се соочуваат со големи предизвици. Саша Браун-Воршам, мајка на момче и уредник на интернет-страницата „Таа знае“ (She knows) наведува кои се разликите меѓу воспитувањето меѓу ќерка и син.

Неколку работи кои треба да ги знаат родителите на момче:

Момчињата треба да бидат потемпераментни

Нормално е момчињата да трчаат, да скокаат од мебелот и да прават поголем неред од девојчињата.

Куклите развиваат емпатија кај момчињата

Емпатијата може да се развие и кај момчињата со купување на кукли. Семејната и брачна советничка Кимберли О’Конор наведува дека „родителите треба да им помогнат на децата да го развијат својот идентитет врз основа на нивните желби и потреби, а не врз основа на тоа што е општествено прифатливо“

Очекувајте хаос во бањата

Студијата објавена во „Џурнал оф педијатрикс“ (Journal od Pediatrics) покажува дека пет од сто деца мократ во текот на ночта, а момчињата тоа го прават двојно повече од девојчињата. На момчињата потешко им е да се навикнат на нокшир.

Не очекувајте момчињата да читаат книги

Момчињата повеќе учат врз основа на проживеаните искуства отколку со читање, па затоа родителите треба да им најдат практични активности кои изразуваат идеи кои можат да се научат од книгите.

Училиштето често не е лесно за момчињата

Истражувањата покажуваат дека момчињата не се толку вербално вешти како девојчињата, кои многу брзо можат да научат повеќе различни јазици.

Научете го детето да се избори со конкуренцијата

И момчињата и девојчињата се натпреварувачки настроени, но истражувањето спроведено од бостонскиот Универзитет Емануел покажува дека девојчињата својата конкурентска природа ја искажуваат на суптилен начин, додека момчињата можат да бидат агресивни.

Не грижете се за играчките во облик на оружје

Педијатрите наведуваат дека играњето со лажните пиштоли и ножеви е нормална и природна работа и не е поврзана со насилно однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска