Родителите треба да обрнат внимание дали децата претерано јадат или имаат „здрав“ апетит. Доколку децата имаат потреба за храна и кога не се гладни, односно бараат да јадат непосредно по комплетниот оброк, тоа може да укажува на зголемен апетит.
Не е добро децата да посегнуваат по храна како реакција на негативните емоции – лутина, бес, умор и друго.
Родителите треба да го контролираат зголемениот апетит кај децата.
Истражувањата покажуваат дека вишокот грана е најчеста причина за дебелина. Бидејќи е тешко на децата да му се забрани да јадат, родителите треба да им даваат ниско калорична храна. На децата треба да му се дава овошје наместо колачи, интегрален наместо бел леб, зеленчук наместо помфрит.
Родителите никогаш не смеат да ја користат храната како награда или казна.
Децата од родителите ги преземаат навиките во исхраната. Затоа родителите треба да бидат добар модел и да се трудат почесто сите заедно да јадат. Порциите треба да бидат прилагодени на возраста на детето, па кога ќе јаде заедно со семејството, оброкот да биде послужен во помал чинија, за да има впечаток дека добива исто количество храна како и возрасните.
Важно е исхраната на детето да биде избалансирана и умерена, како и детето да има редовна физичка активност.
Истражувањата покажуваат дека родителите се грижат за исхраната на девојчињата веќе од третата-четвртата година, додека кај момчињата реагираат кога ќе забележат вишок килограми.