Како да се ослободите од непотребните грижи?

Од:

Грижата е нормална кога за неа има причина, но постојат луѓе кои постојано се грижат и тоа поради работи кои дури и не се на повидок. Тие по правило се чувствителни, пресовесни и страдаат од хронично чувство на вина.

Претерано грижлив човек не може да разликува што во некој момент е важно, а што не е важно. Нему се му е важно, па му се чини дека, кога остварува една цел, се оддалечува од друга.

Бидејќи сите цели ги оценува како еднакво важни и неодложни, тој чувствува силна, исцрпувачка грижа, поради што има недостиг на енергија. Често е целосно непродуктивен, велат психолозите и препорачуваат пет едноставни начини овој проблем да се ублажи и совлада.

Смирете се!

Најважен чекор во совладувањето на претераната грижа е човекот да се смири. Тоа смирување никако не подразбира рамнодушност и кревање раце од своите цели, туку воспоставување контрола врз грижата и опуштање на умот што е предуслов да се подобри квалитетот на животот.

Ангажирајте го умот

Кога нешто треба да направат, грижливите луѓе веднаш се судираат со своите негативни чувства. Тие се обидуваат прво да се „приберат“ и да се ослободат од стравовите, па да се впуштат во работата. Токму тоа е погрешно, бидејќи во борбата со себе залудно се губи енегргија, па човекот по таквата самотортура нема сили за ништо. Решението е да престанете да се занимавате со грижата и веднаш да почнете да работите нешто конкретно.

Зафатеноста ја лекува грижата.

Вежбајте опуштање

– Дишете правилно. Вдишете длабоко додека да изброите до седум, потоа задржете го здивот додека изброите до еден, па издишете броејќи до седум.

– Замислете нешто убаво и притоа опуштете ги сите мускули на телото.

– Вежбајте, шетајте, возете велосипед, пливајте.

– Одете на масажа.

– Нацртајте ја својата грижа, а потоа во цртежот внесете промени кои ќе ги претворите во слика која ви буди пријатно чувство.

– Работете го она во што уживате.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска