Како да го заштитите детето од жештините?

Од:

Високите летни температури негативно влијаат на сите луѓе, а особено на малите деца. За да ги заштитите децата од сите опасности, кои со себе ги носат жештините, а особено доколку планирате да отпатувате некаде, преземете ги сите мерки за безбедност.

Децата ниту во плиткото не смеат да бидат сами?

Децата помали од четири години можат да се удават и во вода длабока десет сантиметри, предупредуваат експертите. Затоа ниту минута не смеете да ги оставте без надзор во плиткото, во гумен базен или када, па дури и доколку знаат да пливаат. Доколку детето посетувало часови по пливање, тоа на родителите може да им создаде лажна сигурност, а не мора да значи дека детето ќе знае да се снајде во опасност.

Елеците за пливање се подобри од мускулите и гумите 

Децата, кои не знаат да пливаат би требало да носат елеци за пливање, а не мускули или гуми додека се во вода. Елекот за пливање им е потребен и на децата, кои знаат да пливаат, а кои се капат во езеро или река.

Топлотниот удар најчесто ги погодува помалите деца

Доколку децата си играат надвор за време на пеколните жештини, повремено треба да направат пауза и да проверите дали се жедни, уморни или имаат симптоми на топлотен удар.

Децата никогаш не треба да ги оставате во автомобилите на големи жештини, дури ни на кусо.

Лулашките можат да предизвикаат изгореници

Кога го водите детето на игралиште или во парк, пипнете ги лулашките, тобоганите и другите справи за играње, пред да го пуштите детето да игра на нив. Металните делови на тие направи может многу да се загреат на сонце и да предизвикаат изгореници.

Кремите за заштита од сонце, често пати не се доволни

Дури и со кремите со висок заштитен фактор постои опасност од изгореници, доколку им е истечен рокот, ако погрешно сте ги нанеле или доколкусте ги измиле. Кремата е потребно да се нанесува на неколку часа, а главата треба да се заштити со капа или шеширче од полесен материјал. Важно е факторот да биде барем 50.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска