Како да го спречите детето да стане криминалец

Од:

Тројца научници ја делат оваа година наградата за криминологија во Стокхолм, која им е доделена бидејќи им покажаа на родителите што треба да прават со цел да го спречат нивото дете да стане деликвент, соопшти Универзитетот во Стоклхолм.

Истражувачите, двајца Американци и еден Швеѓанец се наградени за нивната работа за октривање на факторите, кои можат да влијаат врз појавата на криминалот.

Тревис Херши, професор по социологија на Унвиерзитетот во Аризона, ја започна неговата студија уште во 1965 година собирајќи податоци од 4.077 тинејџери од озогласено предградие на Сан Франциско.

Користејќи ги полициските извештаи и следејќи ги криминалните активности и однесување на тинејџерите тој беше во можност да докаже дека приврзаноста на родителите е од пресудно значење за воспитување на децата и нивното развивање во пристојна личност.

Силната врска со едниот или со двата родители, па дури и да се криминалци, го спречува детето да развива деликвентно однесување, па дури и му се всадува чувството на почитување на полицијата.

Неговата колешка Спац Видо, професор по психологија на Колеџот „Џон Џеј“ во Њујорк следела 908 деца, кои биле запоставени или биле жртви на злоставување.

Резултатите до кои таа дојде укажуваат на многу посложените односи меѓу родителите и запоставеното дете, отколку што досега го изнесуваше конвенционалната теорија за маѓепсаниот круг на насилство, според која насилството раѓа насилство и тоа во три од четири случаи.
Трет награден научник е Пер Олаф Виксто, професор по криминологија на Универзитетот во Кембриџ, чие истражување ја истакнува клучна улога на родителите во превенција на делинквенцијата со тоа што го ограничуваат дружењето на детето со криминогени врсници и го обликуваат неговиот морален став.

Стокхолмската награда за криминологија е основана во 2005 година, а ја финансираат и фондации од САД, Шведска и Јапонија.

Лауреатите ќе го поделат чекот во вредност од 1,5 милиони шведски круни (172.000 долари). 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска