Како да го научите детето да биде упорно

Од:

Децата често пати се откажуваат од нешто поради стравот дека ќе бидат понижени пред пријателите или ако се плашат од неуспех.

Затоа е најдобро да поразговарате со него, појаснете му дека работите на почетокот се тешки, но оти тоа не треба да ги обесхрабри да продолжат да работат, бидејќи единствено со трпелива работа и залагање се постигнува успех.

Битно е да сочувствувате со нив, да им дадете до знаење дека ги разбирате, но исто така нагласете им дека упорноста е клуч доколку сакаат да успеат во училиштето, спортот, а подоцна и во животот.

Пред вашето дете да почне со некоја работа, погрижете се да разбере дека од него очекувате да ја заврши до крај. Вашите очекувања нека бидат скромни, умерени.

Доколку детето ве замоли да го запишете на часови по гитара, немојте да плаќате цел месец однапред, платите за три или четири часа. Така, доколку во старт не му се допадне, можете да го советувате да издржи уште неколку часа за да согледа дали навистина сака да оди на тие часови.

На крај објаснете му на детето однапред дека е нормално да сака да престане со некои активности кога е тешко, но дека тоа чувство набргу ќе помине.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска