Kако децата се повеќе растат така поголемиот дел од нивната доверба ја поклонуват на врсниците. Поради тоа родителите треба да ги познаваат сите лица со кои дете емоционално се поврзува.
Втора причина поради која би требало родителот да ги запознаете пријателите на деца е затоа што така полесно може да ги следи каде одат, каде го поминуваат времето и каде најмногу се задржуваат. Но, не за да ги шпионира и контролира, туку за да знаете дали се безбедни.
Пријателите на децата не можете да ги запознаете на вообичаен начин, да ги поканете дома. Тоа повеќе не се прави и децата ќе ја одбијат поканата. Затоа треба да обезбедите место каде тие со пријателите ќе се чувствуваат добро и каде ќе бидат опуштени. Убаво е да обезбедите модерно опкружување каде ќе можете да разговарате отворено, но не и наметливо.
Да се стекне доверба не е лесно, но кога еднаш ќе успеете на добар пат сте да му помогнете на вашето дека кога е потребно. Важно е децата да знаат, дека сакате да бидат безбедни и оти во секој момент ќе им помогнете.