Секој родител сака децата да му бидат физички активни. Ејлон Порат, менаџер во фирмата „Мако“ од Њујорк на Фејсбук објави фотографија од девојче како врти педалите на собен велосипед, кој е поставен под бирото за компјутер.
Детето треба да ги врти педалите за да се отклучи компјутерот. Со вртењето на педалите се собираат одреден број на кредити, кои со текот на времето односно со користење на компјутерот, се трошат и тогаш компјутерот повторно се заклучува.
За компјутерот да се отклучи неопходно е да се соберат нов број кредити, секако со повторно вртење на педалите.
Се поставува прашањето дали до тоа децата ќе се откажат од компјутерот или ќе бидат физички активни.