Капењето во базен може да биде право уживање, но истовремено тоа претставува место каде може да се здобиете со разни непосакувани инфекции.
Како да се заштитите од најчестите инфекции од базените:
Водата во базените е толку хлорирана што тешко може да се добијат инфекции во текот на пливањето, но постојат одредени микроорганизми кои сe отпорни на хлорoт и можат да направат големи проблеми. Најчести инфекции кои може да ги добиете се инфекција на увото, инфекција на очите, уринарни инфекции, инфекција на стапалата позната и како Атлетско стапало, инфекција на кожата.
Што помага за да се заштитите- туширајте се пред секое влегување и излегување од базен, не користете чепкалки за уво, не гледајте под вода додека нуркате, носете квалитетни влечки, не седете на воден пешкир со водени купаќи, ако осетите некои тежина после капењето во базен, одма јавете се на лекар.