Како да допрете до ќерка тинејџерка?

Од:

Во разговорот со своето девојче не ги обезвреднувајте нејзините приказни, емоции и впечатоци. Без разлика што во раскажува сослушајте ја, наместо во старт да ја сечете. Водете сметка за тонот, со кој разговарате.

Несогласувањата меѓу мајките и ќерките тинејџерки се мошне честа појава, па доколку ова ви е познато прочитајте ги советите на др. Тина Пејн Брајсон за тоа како да ги надминете.

За почеток таа советува во разговорот со нејзиното девојче да не ги обезвреднувате нејзините приказни, емоции и впечатоци. Што и да ви каже водете сметка за тонот со кој разговарате, бидејќи станува збор за најчувствителни години и секој повисок тон може да звучи погрубо, отколку што навистина е.

Неопходно е да ја стекнете нејзината доверба, бидејќи ако смета дека на другите ќе им го раскажете сето она што сака да ви го довери, веројатно е дека ќе претстане да ви ги открива тајните.

Од време на време изненадете ја со дозвола за излегување, на која не се надевала, а ако сакате да ја спречите во нешто, тоа нека не изгледа како да и солите памет.

Прашајте ја понекогаш за совет во врска со облекувањето или уредувањето на домот и предложете и да читате иста книга или да слушате иста музика.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска