Поради големата содржина на калиум и ниската содржина на натриум, како и влијанието на намалувањето на лошиот хоелстерол, кајсијата делува благотворно на лицата со болно срце и зголемен крвен притисок.
Таа е благодарна и за одбраната на организмот од инфекции, за јакнење на забите и коските, за подобрување на видот и обновување на ткивото.Доколку се зема пред оброк, добро влијае на варењето, а поради содржината на железо треба да се најде на менито на слабокрвните (анемичните).
Свежиот сок од кајсија се користи и против температура, треска, кожни болести и изгореници. Денес за овие болести постојат ефикасни и достапни лекови, но поради истенчената озонска обвивка, влијанието на кајсиите на заштитата на кожата од дејство на сонцето и стареењето е исклучително актуелно.
Кајсијата и нејзиниот сок, освен што се вкусни и освежувачки, го забрзуваат и исфрлањето на отровните материи од организмот.
Кајсијата е добар извор на бета каротин, па помага при инфекциите и кожните проблеми. Бета каротинот е еден од најпознатите антиоксиданси, а се нарекува и „природен чадор за сонце“, бидејќи ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци, намалувајќи ја активноста на слободните радикали, кои настануваат поради емисијата на УВ зраци, односно при сончањето.