Македонија не успеа да се пласира во финалето на изборот за песна на Евровизија. Даниел Кајмакоски не претстави со песната „Лисја есенски“, во Австрија, Виена.
Иако не успеа да се пласира во финалето, Кајмакоски звучеше одлично и имаше добар сценски настап, надополнет со комплетната кореографија.
За гласањето оваа година одлучуваа гледачите преку телефонско гласање и стручно жири во секоја држава во сооднос 50-50. Оваа година не учествуваат Украина, Хрватска и Босна и Херцеговина, а повторно се вратија да учествуваат Србија, Чешка и Кипар.