Кајмакоски ќе настапи на првото полуфинале на Евровизија

Од:

Во Виена вечер од 21 часот ќе се одржи првото полуфинале на 60. Евровизија, во кое меѓу 16-те изведувачи под реден број осум ќе настапи и Даниел Кајмакоски со песната „Autumn Leaves“ како претставник на Република Македонија.

Кајмакоски победи на Скопскиот фестивал 2014 со „Лисја есенски“, која за настапот на Евросонг е преведена на англиски јазик.

На сцената во Штадхале Кајмакоски ќе биде придружуван од американското  трио Мерџ, чии членови биле дел од аренби групата Блекстрит, инаку негови идоли.

Даниел Кајмаковски.jpg

Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток, а првите десет земји-учеснички од двете полуфиналиња ќе се пласираат за големото финале во сабота (23 мај), кога ќе биде избрана најдобрата песна во Европа оваа година.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ