Македонскиот претставник на Песна за евровизија, Даниел Кајмакоски денеска ги повика сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за песната „Autumn leaves” со која ќе наспати на првата полуфинална вечер на оваа маниофестација во Виена.
Со тоа можат да освојат билет за првото полуфинале на 19 мај, во австриската престолнина, да го бодрат во живо и да уживаат во заедничка средба со Даниел на 20 мај.
Повикот за фановите ќе биде отворен до 20 април. Повеќе информации, правилa и начин на учество може да најдете на следниот линк:http://danielkajmakoski.
Со објавениот повик Кајмакоски и официјално ја започнува кампањата за Евровија 2015. За таа цел изработена е мини-веб страница, http://eurovision.