Кафето не го скратува животниот век

Од:

Шпанските научници неодамна заклучија дека до шест филџани кафе на ден со или без кофеин не го скусуваат животниот век.

Испитаниците беа учесници на две големи студии во кои учествуваа околу 42.000 мажи и 84.000 жени.
Нивната здравствена состојба и животни навики се следени низа години, жените од 1980 година до 2004 година, а мажите од 1986 година до 2004 година.

Секои две години го исполнувале прашалникот за прехранбени навики, вклучувајќи конзумирање кафе, пушење и здравствената состојба.

Резултатите покажале дека жените кои пијат два или три филџани кафе на ден имаат 25 отсто помал ризик од смрт предизвикан од срцеви заболувања и 18 отсто помал ризик од смрт предизвикан од други болести, освен карциномот во однос према жените кои не пијат кафе.

Кај мажите кои пијат до три филџани кафе на ден не е најден помал но ни поголем ризик за смрт во однос на оние кои не пијат.

Истражувачите сметаат дека поврзаноста не можат да ја препишат на кофеинот, затоа што конзументите на кафе без кофеин исто така имаа подолг животен век, при што причината најверојатно може да се препише на состојките како што се антиоксидансите кои се наоѓаат во кафето.

Сепак, советот на истражувачите е дека конзумирањето кафе треба да биде индивидуално – ако некој сака да пие кафе, но му пречи да заспие, треба да го ограничи неговото конзумирање или да пие кафе без кофеин.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава