Кадмиумот му штети на црниот дроб

Од:

Лицата со висока концетрација на кадмиум од тутунскиот чад имаат поголем ризик за смрт од болести на црниот дроб.

Американски научници од Универзитетот „Џон Хопкинс“ концентрацијата на кадмиум во урината ја мереле кај 12.700 испитаници.

Во просек учесниците во истражувањето со највисока концентрација на кадмиум имале 3,5 пати поголем ризик за смрт од болести на црниот дроб во однос на испитаниците со најниска концентрација на кадмиум.

Воочената врска на кадмиумот и болестите на црниот дроб е позначително изразена кај мажите, пишува „Journal of Gastrointestinal Surgery“.

Научниците тоа го објаснуваат со последици во хормоналните разлики меѓу половите. Освен тутунскиот чад, останатите извори на кадмиум се загадување настанато од согорување на фосилни горива и отпадот.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска