Јапонија: Најстариот дипломец во светот има 96 години

Од:

Јапонецот Шигеми Хирата (96) стана најстариот дипломец во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди. 

Жителот на јапонскиот град Такаматску се запишал на Универзитет во Кјото во 2005 година, кога одлучил да изучува поезија, а да стаса до дипломата му биле потребни 11 години. 

Тој изјави дека следна цел му е да доживее сто години, пренесуваат јапонските медиуми. 

– Ако бидам во добра форма, ќе размислам дали да продолжам со учењето и да станам магистер, изјави дипломецот пред новинарите во неговиот дом, и го приложи новиот сертификат за Гинисовата книга на рекорди. 

Шегеми Хирата е роден на 1 септември 1919 година.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила