Јапонците ќе лекуваат слепило со матични клетки

Од:

апонската Влада го одобри првото истражување на матичните клетки добиени од телото на пациентот. 


Јапонските истражувачи ќе употребат матични клетки во обид да излекуваат еден облик на слепило по старосна дегенерација на жолтата дамка.


Моментно веќе се спроведуваат истражувања за употреба на матичните клетки добиени од ембрион. Сепак, етичките контроверзии и честото неприфаќање на клетките од страна на ткивото на пациентот претставуваат голема пречка за нивно користење.


Адултните матични клетки, кои уште се нарекуваат и плурипотентни, се создадени од кожата на пациентот, па ризик од отфрлање нема.


На почетокот на истражувањето ќе учествуваат шест пациенти во експериментот кој треба да им го врати видот.


Професорот Крис Мејсон, експерт за регенеративна медицина при Универзитетот во Лондон, изјави дека овој чекор бил очекуван, но сепак е голем во оваа област. Според него корисен е од две причини. Првата е што е намалена можноста за отфрлање на трансплантот, а втората што не постојат етички проблеми.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска