Јапонци вработуваат илјада роботи во продавници

Од:

Јапонската филијала на една швајцарска компанија соопшти дека ќе ангажира како трговци илјада паметни роботи Пепер, осмислени од француска групација.

Тоа ќе биде првпат роботи да бидат користени како продавачи, се вели во соопштение од швајцарската компанија.

„Хуманизираните“ машини од декември ќе бидат рапсоредени во големи специјализирани продавници во Јапонија и во продавници кои нудат Нестле-апарати за кафе.

Роботот е опремен со таблет и ќе биде способен на купувачите да им дава објаснувања за различни артикли на еден интерактивен, речиси – природен начин. Паметниот робот го креираше француската фирма Алдебаран роботик.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови