Јана и Марко најчести имиња на новороденчиња во Аеродром

Од:

Општина Аеродром во текот на минатата година доделила 731 решение за еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 5.000 денари, од кои 405 за машки, а 326 за женски деца.

Од нив 368 се првородени деца, 311 второродени, во 51 семејство има трето дете, а има и едно семејство со 5 деца, додека 14 семејства од општина Аеродром во 2014 година добиле близнаци.

Исто како и во 2011, 2012, 2013 година, и во изминатата 2014 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од општина Аеродром е Јана, а кај момчињата Марко, но оваа година има и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Ангела и Михаил.

Исто така, има и многу деца кои се викаат Ана и Марија, како и Стефан, Матеј и Петар. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што се Дениција, Дена, Калија, Григориј, Алексеј, Луна … 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска