Јана била 15. на втората полуфинална вечер, 12 поени само од Бугарија

Од:

Македонската претставничка на изборот на песна на Евровизија, Јана Бурческа на втората полуфинална вечер добила 69 поени, со што била на 15. позиција.

„Dance Alone“ во полуфиналето добила 40 поени од телевоутингот и уште 29 од стручните жирија.

Од телевоутингот Македонија добила 12 поени само од Бугарија, додека добила 10 поени од Србија, 6 од Хрватска, 5 од Израел, 4 од Сан Марино и 3 од Швајцарија. Стручните жирија од Малта и Франција ни дале по 8 поени, од Србија 5, Украина и Норвешка по 3 и Унгарија 2 поени, но бугарското жири ниту еден поен. Вкупно поени за македонската претставничка најмногу, односно 15 стигнале од Србија, 10 од телевотинг и 5 од нивната жири комисија.

Со овој резултат македонската претставничка заостана со 32 поени зад десетто пласираната Данска, односно последната позиција која што обезбедуваше пласман во финалето.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија