Во музејот во рускиот град Нижни Тагил првпат уметничките слики беа ставени под рентген, па така излегоа пикантни детали околу првичните замисли за познатиот „Женски портрет” од Владимир Лукич Боровиковски, пренесува рускиот портал „Лајф“.
Имено, се покажало дека под слојот бои се крие фризура различна од онаа која девојката во крајната верзија ја има, но и длабоко деколте.
– Веќе подолго време во музејот постои легенда дека облеката на дамата требало да биде поинаква. Но, немаше конкретни докази. И ете, сега имавме можност да направиме техничка и технолошка експертиза. На снимките добро се гледа дека дамата на платното првично била во фустан со деколте, велат од музејот.