Во организација на Општината Маврово и Ростуша денеска ќе се одржи манифестацијата „Избор на традиционална Мавровско-Реканска пита“.
Манифестацијата се организира во рамки на „Летниот културен бран“. Гостите освен што ќе можат да учествуваат во изборот и да дегустрираат традиционална мавровско-реканска пита во Ресторанот „Центар Ростуше“, ќе можат организирано да ги посетат водопадите „Дуф“, да ја погледнат изложбата „Река низ историјата“ и да го проследат концертот на Ансамблот „Македонија“.