Шеесет и тригодишниот возач на камиони Аурео до Насименто победи на изборот за „најзгоден повозрасен маж“, што се одржа во бразилскиот град Сао Паоло.
Насименто победи во конкуренција на 21 натпреварувач на возраст од 62 до 94 години.
По победата Насименто изјави дека натпреварот им помага на повозрасните мажи да ја зголемат својата самодоверба и да ги надминат предрасудите што другите луѓе ги имаат кон нив.
Изборот на „најзгодниот старец“ го изврши жири-комисија составена од пет жени. Покрај, главниот победник, жирито додели и титули „мистер на елгантноста“ и „мистер на насмевката“.
Организатор на изборот е Министерството за здравство на Бразил.