Иза и Само Логин најбогати Словенци со имот од 855 милиони евра

Од:

Брачната двојка Иза и Само Логин и оваа година, втора по ред, се прогласен за најбогати Словенци, во традиционалната анкета на бизнис магазинот „Менаџер“

Вредноста на личен имот на брачната двојка Лонгин, кои се доминантни сопственици на компанијата „Аутфит 7“, е проценета на 855 милиони евра, што за 3,39 отсто повеќе отколку лани.

Уште пет други косопственици на истата компанија, која се занимава со развојот на мобилните апликации и видео игри, се рангирани на листата на 100 најбогати Словенци.

Втор најбогат Словенец и оваа година е претприемачот Санди Чешко, чија компанија „Студио Модерна“ се занимава со телевизиска продажба и маркетинг, но вредноста на компанијата поради помала продажба е намалена за една третина на 271 милион евра.

Вкупниот имот на првите сто најбогати Словенци е процент на 4,6 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска