Голем број луѓе кога ќе почнат да планираат деца пронаоѓаат голем број причини зошто набрзо би требало да имаат дете или зошто би било подобро можеби да почекаат уште некоја година.
И додека во младоста и машкото и женското тело се здрави, плодноста е поголема и многубројните ризици, кои се јавуваат во бременоста речиси и не постоајт. Меѓутоа тогаш финансиската стабилност речиси кај сите двојки е во прашање.
Нерешеното станбено прашање, финансиската нестабилност, желбата за продолжување на образованието и несигурноста на работното место се најчестите причини поради кои голем број двојки го одложуваат планирањето деца „за некои подобри денови“.
Истражувањето сппроведено на примерок од пет илјади парови покажа дека идеална возраст за раѓање прво дете за жените е 25-та година. Таа возраст може да се смета за „златна средина“ меѓу времето кога стекнуваме финансиска и работна стабилност (најчесто по 30 години) и идеална возраст за раѓање од медицинска гледна точка (докторите сметаат дека идеална возраст за раѓање здрави деца е во раните 20-ти години).