Најновото истражување покажува дека мајките кои остануваат дома и се грижат за децата и домот се посреќни од оние кои работат.
Во истражувањето спроведено за осигурителната група ЛВ испитани се 3.000 луѓе, кои одговарале на прашањатоп дали се задоволни со својот живот. Нотиран е процентот на тие кои изјавиле дека се среќни. Од родителите кои не работат 87,2 отсто изјавиле дека се среќни, додека додека 53,8 проценти од вработените изјавиле дека се среќни. Анкетата покажува дека најнесреќни се вработените во маркетинг, огласувањето и односи со јавноста.
– Домаќинките се посреќни од луѓето во која било професија, но тие работат двојно повеќе часови, се истакнува во извештајот од истражувањето.
И претходните истражувања покажуваат како мајките кои остануваат дома веруваат дека нивните животи се поисполнети од оние кои работат. А истражувањето на британската Влада покажа како една третина од мајките кои работат сакаат да го напуштат работното место и да останат дома со децата.
Од друга страна општеството врши притисок до жените да се вработат, а децата да одат во градинка.