Верувале или не, порастот на насилничко однесување директно е поврзан со дефицитот на клучните витамини и минерали во организмот. Правилната исхрана, богата со нутритиенти, можно е да го спречи лошото однесување.
Списанието „Vise Tradisions“ објави резултани од најновото истражување кое покажа дека дефицитот на витаминот A,D,K,B1,B3,B6,B12 i фолати, но и минералите како што се јодот, калиумот, железото, магнезиумот, цинкот, хромот и манганот, придонесуваат на менталната нестабилнсот и насилничкото однесување, како кај возрасните, така и кај децата.
Авторите истракнуваат дека со континуирана конзумација на фабрички процесирана храна доаѓа до неухранетост, а со самото тоа мозокот не се снабдува со доволно количество на енергија. Големиот број на болести поврзани се со малиот број на витамини и минерали како pelagre (дефицит на витаминот B3) или скорбут (витамин C).
Меѓутоа, недостигот на цинкот обично е проследен со агресивност, непријателското расположение и изливите на лутина и бес.
Студијата исто така предупредува и на егзотоксинот, кој се наоѓа во речиси секоја „брза храна“, а внесот на индустриски обработени намирници се собира во организмот каде влијае на хемиските промени во мозокот, делувајќи така и на расположението. Уште некои од состојките од лошата исхрана на која авторите предупредуваат се шеќерот, вештачките засладувачи, бојата, кофеинот, алкохолот, производите од соја и токсичните елементи како живата, арсенот, пестицидот и многу други.
Големо внимание воедно е ставено и на оброците со многу низок нутритивен квалитет, кои најчесто ги конзумираат најмладите. Научниците истакнаа дека е важно децата да добиваат соодветна количина на холестерол по пат храна, затоа што мастите се важен извор на енергија за мозокот, а неговиот недостиг може да предизвика агресија, депресија, како и склоност кон самоубиство.