Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев нареди истрага за да утврди зашто неговата земја не и даде ниту еден глас на Русија во финалето на Изборот на песна на Евровизија што се оддржа во саботата во Малме.
Истрагата е отворена затоа што „гласачите и азербејџанското официјално жири и беа целосно наклонети на руската песна и за нејзиниот влез во финалето“, објасни претставник на државната телевизија во Баку. Според него, функционерите на телевизијата се сомневаат дека врз азербејџанските гласачи и нивното гласање „некој извршил насилство“.
Русија и даде максимални 12 поени на песната на Азербејџан и на пејачот Фарид Мемедов, која на крајот беше втора зад победничката од Данска, но азербејџанските гласачи целосно ја игнорираа песната на руската претставничка Дина Гарипова, која го освои петото место во вкупното рангирање.
Според „сознанијата“ што ги има азербејџанската телевизија, руската песна требало да добие десет поени.
Најголем број од гласовите на Азербејџанците биле испратени во центарот во Баку, преку мобилен телефон. Истрагата што ја нареди претседателот Алиев предвидува пребројување на сите пристигнати гласови.
Генералниот диркетор на азербејџанската државна телевизија Камил Гулиев изјави дека недавањето ниту еден глас на руската песна на евровизиското натпреварување „предизвикува сериозна загриженост“.
Азербејџан и Русија имаат традиционално добри политички односи, што официјален Баку сака и натаму да се одржуваат. Двете земји претходно поминаа низ еден долг период на меѓусебни тензии околу нафтата во Каспиското Море.