Искрените луѓе се поздрави

Од:

За да бидете здрави, јадете многу овошје и зеленчук, редовно вежбајте и – престанете да лажете.

Имено, едно ново истражување покажало дека искрените лица имаат подобро ментално и физичко здравје, од оние кои секојдневно лажат.

Половината од 110 испитаници имале задача да престанат да лажат на десет недели, додека другата половина биле во контролната група.

„Искрените“ подоцна забележале дека имаат главоболки, дека се помалку напнати и анксиозни отколку вообичаено.

Претходните истражувања покажуваат дека луѓето во просек изговараат 11 лаги неделно.

– Сметам дека лажењето предизвикува многу стресови меѓу луѓето. Искреноста, не само што е добра за врските, туку и за поединецот, вели др. Брајан Бруно, шеф на Одделението за психијатрија во болницата Ленокс хил во Њујорк.

На крајот на десетнеделната студија, некои учесници пронашле многу паметни начини да ја избегнат лагата.

Една од истражувачите, Анита Кели, професор по психологија, забележала дека некои сфатиле дека можат едноставно да ја кажат вистината, наместо да преувеличуваат, додека други на „скокотливи прашања“ одговарале со ново прашање, со цел со искреноста да не повредат некоја личност.

– Сметам дека и најситните лаги се проблематични. Целта е целосно да се ослободиме од нив. Барем можеме да ги намалиме, вели Кели.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска