Односот меѓу мајките и ќерките е специјален и поинаков – полн со љубов, топлина и вредности кои не се лесни секогаш да се опишат. Еве некои највредни совети кои мајките со девојчиња ги издвоиле.
Мајките на малите принцези на форум на сајтот Хафингтон Пост поделија некои совети за сите оние кои имаат привилегија да воспитуваат девојчиња. Следуваат некои од најважните совети, кои мајките на девојчиња ги издвоија:.
1. Сакајте се себе си и своето тело, за да може и вашата ќерка да се сака себе си и своето тело.
2. Зборувајте им дека се паметни исто толку често колку што им зборувате дека се убави.
3. Кажете им дека ќе бидат уште подобри личности и ќе живеат поубаво, доколку ги поддржуваат своите другарки и не завидуваат никому.
4. Уживајте во секоја секунда на воспитуваење на својата миленичка. Секоја е посебна на свој начин. Давајте и поддршка со цел во еден момент да ги рашири крилјата и да полета во вистинската насока.
5. Трудете се да бидете жена каква што би сакале и таа еден ден да биде. Вие сте и најголем пример.
6. Бодрете ја да биде самостојна и независна. Мојата помлада ќерка има тенденција себе си да се спореди со постарата сестра. Вистина е дека двете се различни и дека секоја од нив има предности кои ја прават посебна. Секој ден им зборувам во што се разликуваат и што е тоа на што треба да бидат горди, охрабрувајќи ги да ги остварат своите лични интереси.
7. Очекувајте многу драма и уживајте во тоа.
8. Пробајте во домот да обезбедите повеќе од една бања.
9. Не заборавете да дишете. Длабоко. Сите емоџии кои ги покажуваат кон вас, некогаш и вие сте ги покажувале кон своите родители. Можеби некогаш ќе има премногу солзи, детски глупости, драми и комични ситуации, но тоа е само еден момент од времето кое ќе помине.
10. Бидете силни и научете ги да бидат самоуверени. Научете ги како да се почитуваат себе си, но и другите луѓе, независно од полот. Доколку имате сопруг, покажете им како вистинскиот маж би требало да се однесува кон жената.
11. Најпрво бидете мајка, а потоа пријателка. Сите сакаме близок однос со своите ќерки, но тоа не значи дека треба да го оживееме своето детство и младост за тоа да го постигнеме.
12. Моја цел, како мајка на две девојчиња е да тие целиот живот бидат блиски и да не дозволат да љубомората некогаш да им биде проблем. Постојано гледам сестри, кога не се во најдобри односи или дури и не разговараат меѓусебно и се љубоморни една на друга, а тоа не сакам да им се случи и на моите ќерки.
13. Секогаш оставете им избор. Тоа ќе ве спаси од многубројни главоболки, а и на нив ќе им помогне да бидат самостојни и независни жени кои знаат што сакаат во животот.
14. Дадете им Барбики и Лего коцки, пластични кујнски елементи…Но, пред се, слушајте. Слушајте ги внимателно секогаш кога се се уште мали, а сакаат нешто да кажат. Тоа ќе им помогне да разберат дека имаат право на глас и дека тоа што го кажуваат некому му е важно.
15. Доволете им да бидат тоа што се.
16. Девојчињата се полни со драма и разлини емоции. Тие се дрски, мили, слатки, добри, нежни, немирни, полни со љубов. Да се има можност да го пораснете свој иден најдобар пријател и привилегијата да воспитате силна, моќна, интелигентна и преубава жена е нешто најубавото што можете да го замислите.
17. Секогаш давајте и безусловна љубов и поддршка на својата ќерка. Иако во тинејџерските години може малку да се дистанцира, таа секогаш ќе се врати.