Исхраната во бременоста и ризикот од аутизам

Од:

Честото конзумирање на некои типови т.н. здрави масти во бременоста, во нова студија, е поврзано со помал ризик од аутизам кај децата.

Податоците на научниците од Харвард покажуваат дека конзумирањето поголеми количини линоленска киселина во бременоста е поврзано со 34 отсто помал ризик за аутизам кај децата.

Линоленската киселина е тип на омега-6 масни киселини, а присутна е во маслата произведени од зеленчук, ореви и семки.

Исто така се покажало и дека недоволното конзумирање на омега-3 масни киселини од рибата е поврзано со 53 отсто поголем ризок за аутизам кај децата.

Истражувачите веруваат дека тоа може да се објасни со фактот дека омега-3 и омега-6 масните киселини имаат значајно влијание на развојот на мозокот на фетусот.

Новите наоди се темелат врз податоци собрани од 317 мајки на деца со аутизам и 17.728 мајки чии деца немаат аутизам.

Резултатите од истражувањето ги објави „American Journal of Epidemiology“.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска