Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

Од:

Малиот град Хиларио Аскасуби во близина на аргентинскиот брег на Атлантскиот Океан има проблем со папагалите.

Илјадници зелено-жолто-црвени птици се доселија поради уништувањето на шумите во блиските ридови, објаснуваат биолозите. Ги глодаат електричните кабли во градот, предизвикувајќи прекин на струјата, а жителите ги излудуваат со нивното непрестајно свирење и фактот дека вршат нужда насекаде.

„Ридовите исчезнуваат, поради што се доближуваат до градовите за да најдат храна, засолниште и вода“, вели биологот Дијана Лера, објаснувајќи дека голем дел од аргентинските шуми постепено се губат со текот на годините.

Во изминатите неколку години, папагалите почнаа да пристигнуваат барајќи засолниште во градот во текот на есента и зимата. Според локалните жители, понекогаш има по 10 папагали на секој жител од 5.000 луѓе во градот. Во текот на летото, птиците мигрираат на југ до карпите во Патагонија за сезоната на парење.

Фотографиите покажуваат стотици птици на далноводите или на покривите на зградите и црквата во самрак, морничаво потсетувајќи на сцените од филмот на Алфред Хичкок „Птиците“ од 1963 година.

„Тие гризат и ги оштетуваат каблите, па водата може да влезе во жиците кога врне и преносот е прекинат. Овие папагали ни прават секојдневни трошоци и проблеми“, вели Рамон Алварез, локален новинар за Радио Такси Фм.

„Се подразбира дека кога нема струја, нема ни радио“, додаде тој.

Жителите се обиделе со различни методи да ги избркаат птиците, како што се бучава и ласерски светла, но ништо не успеало.

„Мораме да почнеме да ги обновуваме нашите природни средини“, рече Лера.

„Но, додека тоа не се случи, мораме да смислиме стратегии кои ќе ни овозможат да живееме заедно во нашите градови на најхармоничен можен начин“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Симпсонови ги предвидоа и пожарите во Калифорнија

Предраг Петровиќ

Џенифер Лопез е загрижена за Бен Афлек

Предраг Петровиќ

Пожарот престана токму пред палатата на Том Хенкс

Предраг Петровиќ

Има 87 години, тренира како да има 30 години, телото и е нереално

Предраг Петровиќ

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ