Иранската математичарка Мирјам Мирзакани ќе стане првата жена на која ќе и биде врачена наградата Филдс Медал, која во математичкиот свет претставува еквивалент на Нобеловата награда.
Професорката на Стенфорд беше меѓу четворицата добитници на меѓународниот конгрес на математичари одржан во Сеул и прва жена во историјата меѓу 56 добитници, откако наградата е воспоставена во 1936 година. Наградата се доделува секои четири години.
– Тоа е голема чест. Ќе бидам среќна ако тоа ги поттикне младите научнички и математичарки, изјави Мирзакани.
Родена е во Техеран, каде живеела до докторатот на Харвард.