Иран создаде сопствена електронска пошта

Од:

Иран создаде сопствена електронска пошта, соопшти иранската државна телевизија. Иранскиот министер за комуникации и информациска технологија Мохамад Хасан Нами изјави дека соодветниот софтвер бил изработен од ирански експерти.

Тој најави дека со новиот систем секој Иранец ќе добие автоматски и-мејл. Според официјалната статистика, во земјата со население од 75 милиони лица има околу 32 милиона интернет корисници.

Иранските власти долги години ја разгледуваа можноста за создавање национална електронска пошта, со што ќе се олесни контролата врз интернет комуникацијата.

Во Иран се забранети странските виртуелни мрежи кои дозволуваат слободно користење на интернетот, како и посетување на сајтови кои иранските власти ги имаат забрането.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава