Илјадници генетски модифицирани инсекти, кои ги развиле британските научници, ќе бидат пуштени во европските полиња како алтернатива на хемиските пестициди.
Планот да се пуштат поголем број маслинасти муви кои би убивале натрапниците кои ги уништуваат посевите. Технологијата е дело на експерт од компаниајта Охитек, која смета дека генетски модифицираните инсекти се подобри за околината од прскање посеви со хемиски престициди.
Сепак, критичарите се плашат дека човечкото здравје би можело да биде загрозено доколку изедат мува или нивна ларва.
Тестирањето би требало да вклучи пуштање на генетски модифицирани мажјаци на мува, кои би се пареле со диви женки чии потомци потоа би умреле уште во фазата на ларва.
Теориски, ова би довело до многу намалена популација на муви и би му овозможило на дрвото да произведува повеќе овошје без хемиски пестициди.
Комапнијата од Охфорд се обрати на шпанските регулаторни власти за дозвола за тестирање во полиња. Доколку тестирањето биде успешно, наредното ќе биде изведено во Грција и Италија, а компанијата се надева дека ќе ги спроведе и во британските полиња.
Лабораториските тестови доведоа до елиминација на диви натрапници за помалку од два месеци.