Името на детето открива нешто и за родителите

Од:

Кога избирате идеално име за бебето, кое ќе го носи целиот негов живот, зборувате нешто повеќе за себе, но и за вашите навики, покажа едно истражување.

Водејќи се од слоганот „Кажи ми како ти се вика детето, ќе ти кажам што и како купуваш“, инвестициската банка Голдман Сакс од Њујорк спроведе интересно истражување со цел да се дознае што името на детето открива за потрошувачките навики на нивните родители.

За да се направи што попрецизна статистика, големиот број имиња се категоризирани во три основни групи: традиционални, необични и класични имиња.

Спроведената анкета покажа дека родителите не се големи љубители на традиционалните имиња и оти тие се се поретки во САД. За тоа е заслужна антиконформистичката тенденција, но и тенденцијата кон единствени брендови.

Со оглед на тоа дека традиционалните имиња не се толку многу популарни во САД, анкетата се занимавала и со застапеноста не необичните имиња кај децата. Како што се очекуваше, необичните и модерните имиња се многу посакувани и родителите често се одлучуваат за нив. Оваа мода е се повеќе прифатена во САД, затоа што младите и модерни родители сакаат да се разликуваат од другите и на некој начин да го свртат вниманието кон себе.

Од друга страна, родителите кои на нивните деца им дават класични имиња како што се Џек или Џејкоб, помалку се отворени за промени и прифаќање на нови работи. Тие обично купуваат производи од големи и проверени брендови, избегнуваќи помалку познати брендови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска