Пред околу еден месец и неколку дена Адриен Бајфорд (41) рече дека и покрај тоа што освои 185 милиони долари, сепак ќе продолжи да го работи она што и досега го работеше, сите му се смееја. Но, тој си остана на зборот.
Добивката од лотаријата ја прослави со своето семејство во една локална пицерија и нов скромен автомобил, а секое утро продолжи да работ таму каде што си работеше и пред добивката, во продавница за музички инструменти.
Се буди секое утро и оди на работа како ништо да не се случило, иако е 515 – ти на листата на најбогати луѓе во Велика Британија.
„Децата на локалните жители уште повеќе доаѓаат во неговата продавница. Не знам дали затоа што сакаат да купат гитара, или затоа што сакаат да видат милионер кој продава гитари“, вели еден негов анонимен пријател.