Илон Маск почна масовно да отпушта од Твитер

Од:

Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените.

– Во обид да трасираме здрав пат за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила, се вели во електронската порака.

Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци.

Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат надомест до 2 февруари 2023 година. До тој ден ќе бидат под отказен рок и со суспендиран пристап до сите системи на Твитер. Иако од нив не се очекува да работат во овој период, тие мора да ги почитуваат сите правила на компанијата.

Поранешните вработени ќе добијат детали за понудата за отпремнина во рок од една недела, се вели во мејлот и се додава дека секој вработен ќе добие порака дали е отпуштен или останува да работи.

Многу поранешни вработени напишаа на Твитер дека добиле отказ. Многумина најавија и тужби.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски