Илон Макс демантира дека го растурил бракот на ко-основачот на „Гугл“

Од:

„Волстрит журнал“ цитира анонимен извор кој тврди дека Илон Маск имал афера со Никол Шанахан, сопругата на ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, а кој поднел барање за развод на почетокот на јануари.

Таблоидите шпекулираат дека љубовната афера најверојатно е причината за распад на бракот.

Според блиски пријатели на двојката, романсата на Маск со Никол е она што го натера милијардерот на „Гогл“ да се раздели од својата сопруга.

Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск доби ќерка со својата поранешна партнерка Грајмс, и еден месец откако тајно стана татко на близнаци со поранешната извршна директорка на стартапот за вештачка интелигенција „Неуралинк“.

Тој започна врска со сегашната девојка Наташа Басет во февруари.

Макс на Твитер ја дематираше аферата велејќи дека со Брин е добар приајтел, а неговата сопруга ја сретнал само неколку пати и тоа во поголемо друштво.

Би можело да ве интересира

SpaceX на Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот, таа беше изгубена пред крајот на летот

Горан Наумовски

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Маск им одговара на огласувачите: „Еб*те се”

Предраг Петровиќ

Разговорот меѓу Ердоган и Маск стана хит, претседателот на Турција го праша: Каде ти е сопругата?

Предраг Петровиќ

Маск најави тестирање на мозочен чип на луѓе, тестирањето ќе започне за шест месеци

Горан Наумовски

Маск најави големи промени на Твитер: „Болно, но неопходно“

Ана Ололовска