Игротека во автомобилот: Како да го анимирате детето за време на патувањето со автомобил?

Од:

Да поминете неколку часа, понекогаш дури и помалку од 30 минути во автомобил со дете, кое не е баш расположено за возење, може да ве доведе до работ на нервен слом.

За среќа освен песнички, на располагање имате и повеќе игри, со кои можете да си го олесните патувањето себе си и на вашиот мал „совозач“.

Следуваат шест начини на кои може да го анимирате детето:

1. Во зависност од возраста детето можете да го учите кои се деловите на телото или да набројувате „Допри го носот“, „Покажи ми го показалецот“…Освен тоа детето ќе може гледајќи низ прозорецот да „трага“ по предметите, кои почнуваат на некоја буква.

2. Можете да имитирате гласови на поединечни животни, а детето да погодува кое животно е или заедно да ги броите сините автомобили, со поглед да барате тријаголник, круг, коцка на патот…

3. Доколку сте совозач, можете во кеса да ставите кој било предмет што го имате при рака. Детето нека ги затвори очите, нека ја допре кесата и нека погоди што има во неа.

4. Кога заминувате на подолг пат, за него можете заедно да се подготвите. Направете попис на работи, кои очекувате да ги видите и означете ги кога ќе ги забележите. Можете од тоа да направите и натпревар, бележејќи кој прв ќе забележи некоја работа или некое животно. Договорете се за симболична награда на крајот од патот.

5. Друга варијанта е составување листа на забранети зборови, на пример дрво, автомобил, птица…, кои никој не смее да ги изговори во текот на целото патување. Кој ќе ги изговори ќе мора другите да ги забавува со смешна приказна или со смешна песна.

6. И пеењето можете малку да го зачините. Вие или некој од сопатниците треба да испеете неколку ноти од некоја позната песна, а останатите треба да погодат за која песна станува збор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска