Играчките, кои досега се добиваа со хепимил во Мекдоналдс беа поделени на машки и женски, меѓутоа повеќе нема да биде пракса и играчките ќе можат да ги бираат купувачите без поделби.
Сето ова почна, откако една ученичка од американско средно училиште, Антонија Ајрес Браун напиша дека со години се обидувала да ги убеди вработени во овој ланец на ресторани за брза храна дека не можат едноставно врз основа на полот да одредат, која играчка ја сака детето.
Изреволтирана од прашањето, кое во Мекдоналдс редовно и го поставувале: „Дали сакате играчка за момче или за девојче?“, таа одлучила да напише писмо до раководството на ресторанот за брза храна.
Малото истражувањето, кое таа го спровела со помош на своите познаници, испраќајќи ги да купат хепи мил, покажала дека вработените во Мекдоналдс често и не ги прашуваат купувачите која играчка ја сакаат, туку им ја даваат таа што е дизајнирана за нивниот пол. Исто така често пати не се согласувале со барањето на купувачите да им ја дадат другата играчка.
Конечно по резултатите од студијата, кои оваа средношколка ги испратила до раководството на Мекдоналдс, го добила саканиот одговор – играчките, кои се добиваат со хепи мил, купувачите ќе можат сами да ги изберат, односно тие нема да бидат класифицирани на машки и женски.